Аронија, оригано или брзорастечкото дрво пауловнија наместо памук, афион, сусам или наут. Се смени ликот на македонските ниви. За последниве триесетина години македонскиот аграр доби сосема нов лик. Традиционалните култури кои со години значеа живот и егзистенција за земјоделските семејства, ги заменија нови, многу попродуктивни и побарани на светскиот пазар. Земјоделците велат дека наместо традицијата се ориентираат кон она што носи повеќе профит. Државата, пак, одвојува субвенции за сите култури. Остава на фармерите да решат што ќе одгледуваат и што се бара на пазарот. Земјоделците сами решаваат што ќе засадат на нивите. Ние сме должни да им дадеме насоки преку стручните лица кои им ги даваат насоките ако станува збор за нова култура. Свесни сме дека афионот и памукот веќе не се одгледуваат, но веројатно затоа што нема пласман. Но, тоа не значи дека некогаш нема да се вратат на нивните.
Аронија, оригано или брзорастечкото дрво пауловнија наместо памук, афион, сусам или наут. Се смени ликот на македонските ниви. За последниве триесетина години македонскиот аграр доби сосема нов лик.
Традиционалните култури кои со години значеа живот и егзистенција за земјоделските семејства, ги заменија нови, многу попродуктивни и побарани на светскиот пазар. Земјоделците велат дека наместо традицијата се ориентираат кон она што носи повеќе профит. Државата, пак, одвојува субвенции за сите култури. Остава на фармерите да решат што ќе одгледуваат и што се бара на пазарот.
- Земјоделците сами решаваат што ќе засадат на нивите. Ние сме должни да им дадеме насоки преку стручните лица кои им ги даваат насоките ако станува збор за нова култура. Свесни сме дека афионот и памукот веќе не се одгледуваат, но веројатно затоа што нема пласман. Но, тоа не значи дека некогаш нема да се вратат на нивните - велат во Министерството за земјоделство.
Профитот ја одредува културата
Kако што струмичкото поле денес белее од пластеници, така некогаш се вееше памукот. Се садеше масовно, беше застапен на нивите како доматите и пиперките што сега се нераскинлив дел од струмичкото полјоделство. Но, памукот го нема со децении. По селата се останати само приказните од задружниот живот и сеќавањата на оваа индустриска култура.
- Памукот, пченката, пченицата, кикиритките, сусамот и афионот беа култури кои секогаш се одгледуваа. Но како поминуваше време, струмичките земјоделци с` повеќе се ориентираа кон раноградинарските култури од кои имаат повеќе заработувачка. Што се однесува до аронија или ориганото или лавандата на пример, земјоделците треба да се свесни дека тоа е ризик бидејќи пред да почнат да садат треба да имаат сигурен пласман- вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
Според него, со новите култури треба многу внимателно да се постапува бидејќи свежи се примерите со пропаѓањето на фармите со ноеви или полжави кои земаа замав пред десетина години, вложувањата беа огромни, а немаше кој да ги откупи.
- Пазарот одредува што ќе се сади. Најбитно е да има кој да го купи бидејќи земјоделските производи многу лесно се расипуваат и долго не може да се чуваат. Не велам дека не треба да се експериментира, но најбитно е да има каде да се пласира - велат во Сојузот на земјоделците на Македонија.
Услови за субвенции
Со Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој од 2013 до 2017 година се обезбедува буџетско планирање со кое се зголемуваат приходите кои ќе ги добиваат земјоделските производители. Според Министерството, структурата на директните плаќања го задржува нивото од 2012 година, а мерките за рурален развој бележат пораст. Продолжуваат исплатите по површина, добиток и по производ. Се воведуваат нови мерки во делот на семепроизводството: производство на расад и семенски материјал за компир, домат и пиперка како и директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури.
Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека без разлика на тоа која култура ќе се одгледува, од годинава за да се добијат субвенциите мора да се исполнат услови поврзани со заштита на животната средина, здравјето на луѓето, животните и растенијата и благосостојба на животните.
Афионот - симбол на државниот грб
Афионот станува минато за македонските ниви. Се сади по стотина хектари годишно или само една четвртина од период од деведесеттите години кога просечно годишно биле садени околу 400 хектари.
Афионот го има во регионите во кои традиционално се одгледува стотина години и тоа во велешкиот, штипскиот, светиниколскиот, кочанскиот, струмичкиот регион и други.
Ова е минимално количество ако се земе предвид дека под афион во периодот од 1963 до 1972 година биле засадени 1.693 хектари, од кој се добивале 884 тони семе.
Од 1980 до 1985 година афионот се одгледувал на 2.134 хектари, а просечниот принос изнесувал 580 килограми на хектар.
Денес оваа култура може да ја одгледуваат и физички и правни лица, но неопходно е да исполнат дефинирани услови, но и да поседуваат посебна дозвола од овластено правно лице за производство и откуп на афионова култура. Афионот е земјоделска култура, која е на грбот на државава, покрај тутунот и житото.